
Поголемиот дел од хрватската престолнина Загреб остана без струја, автомобилите стојат во колони, стојат и трамваите, а жителите се на улицијата известуваат медиумите по денешниот силен потрес со магнитуда од 6,3 според Рихтер ког го погоди 46 километри оддалечениот град Петрињa од каде информираат дека „половина град“ е урнат.
„Разорниот потрес со епицентар кај Петрињa кој во 12,19 часот се почувствува ширум Хрватска беше со јачина од 6,2, а интензитетот во епицентарот е проценета на VIII-IX степени по ЕМС скалата. Се очекуваат поголеми материјални штети“, соопшти хрватскиот Сеизмолошки завод истакнувајќи дека станува збор за земјотрес кој се опишува како извонредно силен/разорен потрес со епицентар на 5 километри југозападно од Петрињa, град со речиси 25.000 жители.
Потресот предизвикал нови оштетувања во Загреб, по ланската серија потреси и двата силни од понеделникот, но нема информации за повредени.
Градоначалникот на Петрињa, Даринко Думбовиќ, во првата изјава по потресот кој траел 20-ина секунди рекол дека „половина град“ е урнат и побара помош. Според хрватските медиуми, кои се повикуваат на изјави од службите, кон градот се упатени најмалку 300 војници и професионални пожарникари од околните градови.
„Извлекуваме луѓе од возила, не знаеме бидејќи имаме мртви и ранети, слушнав и дека детска градинка се урнала но за среќа во градинката немало дека, додека од другата децата успеале да се спасат… Општа паника е, луѓето си ги бараат блиските“, изјави Думбовиќ во директното јавување.