![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/Capture-1.jpg?resize=627%2C350&ssl=1)
Жителите на Хром денеска излегоа на мирен протест во општината Ѓорче Петров поради неконтролираното градење и владеење како што велат на урбаната мафија во оваа населба недалеку од центарот на градот.
Тие ја блокираа улицата која води во населбата со своите автомобили, а дел од нив и дадоа изјави обвинувајќи го градоначалникот Александар Наумовски за оваа состојба која владее во Хром.
Дел од изјавите на граѓаните и атмосферата од протестот можете да ја погледнете во продолжение.