![солун протести](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/solun-protesti.jpg?resize=630%2C332&ssl=1)
Освен тоа што излегоа да протестираат илјадници граѓани под мотото „ Постои само една Македонија а тоа е грчка“, огромна поддршка дадоа грчките здруженија, политички партии, спортски и христијански здруженија, метрополити и градоначалници. Помеѓу другите, голема поддршка дадоа и поранешни и акативни припадници на грчката војска.
Пред споменикот на Александар Македонски, грчката војска одаде почит на „македонскиот војник“ и истакна дека Македонија е Грчка.
На протестот се појавија и грци вооружани и во униформи на андартите од 19 век. Тоа се луѓе кои во Егејскиот дел на Македонија ги палеа селата и вршеа асимилација на македонското население.