Бурата Илениј силно ја погоди Германија, особено северните и источните делови од земјата.
Откажани се голем број летови, а железничкиот сообраќај е во прекин во неколку сојузни држави. Германската метеоролошка служба издала црвено предупредување на северот од земјата, а се најавува и можност за торнада.
За време на ноќта ветрови со брзина од над 100 километри на час ја погодија земјата.
Берлинската протипожарна служба прогласила вонредна состојба поради невремето.
-Од 2 часот утрината дојде до нагло зголемување на операции поврзани со невремето, истакнале оттаму.