ВИДЕО| Харисон Форд доби почесно признание на премиерата на новиот „Индија Џонс“ во Кан

Организаторите на 76-то издание на Канскиот филмски фестивал одлучија да му ја доделат почесната Златна палма на американскиот актер Харисон Форд.

Церемонијата на доделување на признанието се одржа во четвртокот вечерта во Фестивалскиот дворец на шеталиштето Кроазата пред премиерата на новиот филм за авантурите на археологот кој Форд го прослави „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“ (Indiana Jones and the Dial of Destiny) од оваа година.

„Длабоко сум трогнат од оваа награда“, изјави 80-годишниот актер по добивањето на статуетката од рацете на извршниот директор на фестивалот Тиери Фремо.

Најавувајќи ја премиерата на петтото продолжение од епот за Индијана Џонс на Кан, организаторите посочија дека планираат да му оддадат почит на Форд, но не прецизираа како тоа ќе се случи.

Пред врачувањето на признанието Форд мина по црвениот тепих придружуван од сопругата Калиста Флокхарт под звуците на „Маршот на трагачите“ (The Raiders March), тематската нумера од серијалот филмови за Индијана Џонс, создадена од композиторот Џон Вилијамс во 1981 година.

„Многу сум задоволен. Ова е резултат на долгогодишна работа. Го правев она што е неопходно да се направи. Се разбира, зборуваме за акционен филм, но е малку поинаков од остатокот од серијалот. Малку е посериозен, иако не велам дека претходните филмови не беа“, рече Форд во интервјуто за радиото France info зборувајќи за снимањето на петтото продолжение.

Актерот навести дека со „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“, веројатно е последниот од серијалот.

„Индијана Џонс беше со нас 40 години. И ова е последниот филм. Свесни сме колку години има и колку му е тешко да биде свој на таа возраст“, рече актерот.

На самото отворање на фестивалот, почесната Златна палма му биеше врачена и на 78-годишниот американски актер Мајкл Даглас.

 

Харисон Форд е реден на 13-ти јули 1942 година во Чикаго, американската сојузна држава Илиноис. Неговите баба и дедо биле имигранти од Руската империја, кои се преселиле во САД од сега белоруската престолнина Минск во раните 1990-ти.

Во периодот од 1960 до 1964 година изучувал филозофија на колеџот Рипон, во државата Висконсин, но бил исклучен на последната година од студиите. Подоцна ја добива почесната дипломат понудена од водството на универзитетот. Во 1964 година оди во Лос Анџелес, каде работи како продавач во продавница за уметнички материјали, како баждар и шанкер, за да се издржува и да посетува часови по глума.

Веќе во 1965 година ги добива првите улоги на филмот. Покрај ликот на Индијана Џонс, Харисон Форд кај поголемата кино публика е познат и по серијалот „Ѕвездени војни“, „Блејд Ранер“ од 1983, Бегалецот од 1993 и други. Има повеќе од 70 филмски и телевизиски остварувања.

Форд е добитник на три награди на Американската академија за научна фантастика, фантастични и хорор филмови „Сатурн“ во 1982, 1996 и 2016 година. Златен глобус во почесна номинација „за исклучителен придонес во забавната индустрија“ доби во 2002 година, а француската награда Сезар за исклучителни достигнувања во кинематографијата во 2010 година. Во 2003 година, на холивудскиот Булевар на славните беше откриена ѕвезда со неговото име.