ВИДЕО I Белгиец ја лажирал својата смрт, па на погребот се појавил со хеликоптер – сакал да провери кој го почитува

Белгискиот тиктокер Дејвид Баертен ја лажирал својата смрт, а потоа се појавил на својот погреб со хеликоптер. На овој начин сакал да открие кој навистина се грижи за него.

45-годишниот, неговата сопруга и децата решиле да ја лажираат смртта на Дејвид за да откријат што навистина мислат за него поширокото семејство и пријателите. Едно од неговите деца на социјалните мрежи објави дека починал.

„Почивај во мир тато. Никогаш нема да престанам да мислам на тебе. Зошто животот е толку неправеден? Зошто? Ти требаше да бидеш дедо и цел живот го имаше пред тебе. Те сакам! Те сакам! Никогаш нема да заборави те“, напиша едно од неговите деца.

Голем број членови на семејството и пријатели дојдоа на погребот, кој се случи минатиот викенд во градот Лиеж. Додека чекале да започне погребот, пристигнал и хеликоптерот.

Снимката, објавена на ТикТок од оние кои присуствуваа на погребот, го покажува моментот кога Баертен излегува од хеликоптерот придружуван од снимател. Некои од членовите на семејството и пријателите притрчале кон него не криејќи ги емоциите, а други биле збунети.

Тој рече дека со лажирањето на неговата смрт сакал да провери како ќе реагира поширокото семејство, бидејќи сметал дека го потценувале.

-Сакав да им одржам животна лекција и да покажам дека не треба да чекате некој да умре за да го сретнете, истакна тој.