Борусија Дортмунд со 3-1 го победи Милан на Сан Сиро и обезбеди место во осминафиналето, ПСЖ со гол од пенал во осмата минута од судиското продолжение дојде до 1-1 против Њукасл.
Милан е пред елиминација од Европа откако на свој терен е поразен од Борусија Дортмунд.
Можеби мечот ќе беше поинаков за росонерите доколку Жиру во шестата минута не промашеше пенал и донесеше водство за росонерите.
Казната стигна само четири минути подоцна кога Ројс погоди од белата точка за водство на Дортмунд. Во 37. минута Чукуезе постигна гол за израмнување на 1-1. Тоа беше резултатот од првиот дел.
Во второто полувреме Биное Гитенс најпрво го врати водството на Дортмунд, а во 69. минута Адејеми ги постави конечните 3-1 за германскиот тим.
Малку фалеше Њукасл да победи во Париз, имаше водство со гол на Исак од 24. минута, но ПСЖ со гол од пенал во 98. минута дојде до реми.
По пет одиграни кола Борусија Дортмунд е прва со 10 бода, тие обезбедија место во осминафиналето, втор е ПСЖ со седум бода, по пет имаат Њукасл и Милан.
Во последното коло Њукасл го пречекува Милан, а ПСЖ гостува во Дортмунд.
Место во осминафиналето обезбеди и Барселона која со пресврт дојде до победа од 2-1 над Пото.
Пепе донесе водство за португалскиот тим, новите засилувања Кансело и Жоао Феликс погодија за триумф на Барса.
Манчестер Сити со голем пресврт го победи Лајпциг со 3-2. Гостите на полувремето имаа позитива од два разлика со голови на Опенда, но во вториот дел се променија работите, Халанд, Фоден и Алварез погодија за триумф на англискиот тим.
Атлетико Мадрид со 3-1 славеше кај Феенорд, а со тоа обезбеди осминафинале за себе, но и за Лацио.
Јанг Бојс со 2-0 ја победи Црвена звезда.
Резултати:
Барселона – Порто 2-1
Феенорд – Атлетико Мадрид 1-3
Манчестер сити – Лајпциг 3-2
Јанг бојс – Црвена Звезда 2-0