Летовите на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ вчера вечерта се прекинати поради закана за бомба.
Патниците се евакуирани, додека на социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа евакуација на патниците од авионот што требаше да полета.
Како што може да се слушне на видеото, кабинскиот екипаж ги предупредил луѓето да го остават багажот и да продолжат со евакуација.
Wizz je na LYBE ispucao i slajdove. Izvršena je i evakuacija, stvarno ne znam zbog čega je to bilo neophodno. https://t.co/wACHO29swe pic.twitter.com/V36KIGZaKN
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) February 29, 2024
— NoNo (@pueraeternus11) February 29, 2024
По слегувањето од авионите преку тобоган, луѓето истрчале на пистата на аеродромот во темница, а видеата од социјалните мрежи покажува дека некои авиони се испразнети од патници.
Црногорската компанија „Ер Монтенегро“ соопшти дека во нивниот авион има бомба.
Според информациите, бомбата била пријавена и на неколку други летови кои морале да заминат во текот на вечерта, а по неколку часовна драма аеродромот започнал сосема нормално да функционира.
View this post on Instagram