(ВИДЕО и ФОТО) Американецот заробен во Венецуела вели дека имал наредба да го грабне Мадуро

Венецуелската државна телевизија во средата објави снимка на уапсениот Американец Лук Александер Денман во којашто вели дека имал наредба да го заземе аеродромот во венецуелската престолнина Каракас и од неа со авион да го грабне претседателот Николас Мадури и да го префрли во САД.

Венецуелските безбедносни сили 34-годишниот Денман заедно со уште еден државјанин на САД, Ејран Бери, ги упасија во понеделникот како и уште 11 вооружени лица, за кои објавија дека се платеници кои во северната сојузна држава Ла Гваира се обиделе да се истоварат на венецуелското копно со глисери. Мадуро ги обвини Куба и САД дека стојат за овој обид за инвазија, негова ликвидација и воен преврат во Венецуела.

Видеото од непозната локација од сослушувањето на Лук Денман, кој се идентификува како припадник на приватната компанија за обезбедување „Silvercopp“, беше објавено и на профилот на Twitter на венецуелскиот претседател.

„Требаше да дојдеме до Венецуела, да дојдеме во Каракас и да го заземеме аеродромот. Инструкциите кои ги добивме вклучуваа заземање на аеродромот за осигурување безбедно да го качиме претседателот Мадуро на авион“, вели во видеото Американецот.

Според Денман, кој вели дека е специјалист за урбани тактички операции, хонорарот за учество во операцијата изнесувал од 50 до 100 илјади долари, а групата се состоела од 20 луѓе. Додае дека вкупно имало 60 до 70 лица поделени во три помали групи. Нивната подготовка започнала во декември 2019 година, а во почетокот учесниците не биле целосно упатени во суштината на операцијата.

Денман, исто така, наведе дека во групата имало тројца припадници на компанијата „Silvercorp“, заедно со самиот него, и вели дека наредбите на челникот на оваа приватна компанија за обезбедување му ги давал американскиот претседател Доналд Трамп.

„Им помагав на Венецуелците да ја вратат власт над својата земја“, рече Денман во видеото.

Денман и Бери се поранешни припадници на единиците за специјални операции кои работеле со Џордан Гуедро, американски воен ветеран кој ја води компанијата „ Silvercorp USA“ чиешто седиште е на Флорида. Тие наводно требало да подготват 50 Венецуелци во соседната Колумбија за оваа операција. Денман рече дека Гудро ја обезбедил целата опрема.

Денман рече и дека „Silvercorp“ потпишала договор со венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо, за да го собори Мадуро. Венецуела најави побарала екстрадиција на Гудро од САД.

Гаудо во јануари 2019 година по сигнал од Вашингтон се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела и го признаа 50-ина земји сојузници на САД, но оттогаш не успеа во своите намери. Неговиот тим во средата во писмена изјава ја отфрли поврзаноста „со која и да е компанија која се занимавата со безбедност или одбрана“, вклучително и со „Silvercorp“.

Венецуелскиот министер за внатрешни работи, Нестор Реверољ, пред два дена објави дека е спречена поморска инвазија од страна на колумбиски милитанти. Притоа, биле убиени осумина од диверзантите кои до венецуелскиот брег стасале со екстремно брзи глисери. Платениците биле заробени во крајбрежниот град Чуао, на 60 километри западно од аеродромот во Каракас, откако безбедносните сили добиле дојава од локалното население. Властите на Венецуела објавија фотографии од брод полн со воена опрема со којашто, според нив, платениците влегле во земјата. Притоа соопштија и дека еден од заробените е агент на американската агенција за борба против наркотици, алудирајќи на поврзаност со криумчарските групации од двете страни на венецуелско-колимбиката граница.

Мадуро рече дека уапсените имале план во координација со Вашингтон да навлезат на територијата на Венецуела преку карипскиот брег и да го соборат.

„Доналд Трамп е директниот водач на оваа инвазија“, изјави Мадуро во кометарот за државната телевизија откако беше прикажана снимката со Денман.

САД од своја страна не го потврди заробувањето на американски државјан. Според државниот секретар Мајк Помпео, американските власти ќе започна со „процесот на утврдување дали навистина станува збор за Американци“.

„Доколку режимот на Мадуро реши да ги држи, тогаш ние ќе ги употребиме сите средства кои ни стојат на располагање да се обидеме да ги вратиме“, изјави Помпео.

Претходно американскиот претседател Доналд Трампи челникот на Пентагон, Марк Еспер, изјавија дека Вашингтон нема никаква поврзаност со овој настан.

Во март годинава минситерството за правосудство на САД го обвини Мадуро и уште 12 други актуелни и поранешни венецуелски функционери за „нарко тероризам“ и понуди 15 милиони долари „за информации кои би довеле до негово апсење“.