Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун не бил на операција во текот на изминатите три седмици отсуствување во јавноста, објави јужнокорејски функционер во неделата, неколку часа откако двете Кореи разменија оган во демилитаризираната зона која ги развдвојува последните седумдесетина години.
Функционер на јужнокорејската влада рекол дека извештаите за тоа дека Ким Џонг-ун бил на кардиолошка хируршка операција не се вистинити, без да ја открие заднината на ваквото тврдење.
„Нашата процениа е дека Ким не бил на операција“, рекол соговорникот на Reuters по услов да остане анонимен. Ги отфрлил медиумиските написи дека севернокорејскиот лидер бил подложен на помал медицински зафат.
Јужнокорејски, американски и јапонски медиуми со денови пишуваа за причините за отсуството на Кум од јавниот живот, а во еден од нив се тврдеше дека тој бил на кардиоваскуларна операција.
Официјалните медиуми во Северна Кореја во саботата објавија фотографии од Ким Џонг-ун, кој присуствувал на пуштање во производство на фабрика за вешташки ѓубрива. Ким на снимките се смее и разговара со помошниците, но некои аналитичари во западните медиуми тврдат дека „чудно оди“.
Автентичната на фотографијите објавено на интернет страницата на весникот Rodong Sinmun и државната новинска агенција KCNA, според западните медиуми, „не можат да се потврдат од независни извори“.
Ден откакко Ким по дваесет дена се појави во јавноста, двете Кореи разменуја оган во областа на демилитаризираната зона којашто ги раздвојува, без извештаи за жртви или настрадани од двете страни.
Чои Канг, потпреседател на сеулскиот Институт Асан за политички студии, тврди дека оваа севернокорејска провокација била планирана за да се покаже дека Ким и натаму е на чело на армијата.
„Вчера сакаше да покаже дека е потполно здрав, а денеска да ги стивне сите нагаѓање дека во целост не ја контролира армијата“, вели Чои.