(ВИДЕО и ФОТО) Навивачката група „Комити“ приреди спектакл за ракометарите на Вардар пред мечот со Еурофарм Пелистер

Машкиот ракометен шампион Вардар од Скопје утре го пречекува Битолски Еурофарм Пелистер во третото коло од ракометниот плејоф,  па иако повеќе од јасно е дека се ќе се решава на реваншот во Битола кој е подоцна на календарот, сите се свесни дека утрешниот натпревар има огромно значење.

Поради тоа, актуелниот првак денеска доби посебна поддршка од своите верни „Комити“, кои добија специјална дозвола и приредија нешто незаборавно за своите ракометари во „Јане Сандански“ за време на последниот тренинг пред утрешниот меч.

„Комити“ приредија и пиротехничко шоу со цел да ги мотивираат своите миленици, кои утре сигурно ќе бркаат победа на домашен терен во дуелот против Еурофарм Пелистер кој е закажан во 17:00 часот.