ВИДЕО и ФОТО| Полугола активистка протрча на црвениот тепих во Кан

Разголена акативистка истрча на црвениот тепих на Меѓународниот кански фестивал во петокот со порака во контекст на војната во Украина, пренесуваат медиумите.

Како што пренеле репортерите на агенцијата AFP, телото на жената било обоено во боите на укранското знаме, а на градите имала испишан натпис „Престанете да нѐ силувате“.

Обезбедувањето брзо ја покрило и изнело активистката, се додава во информацијата. Но активистката облечена само во црвено бојадисаните гаѓички имала доволно време демонстративно да извикува и да им позира на фоторепортерите.

Накусо била прекинато дефилирањето на гостите во вечерна тоалта, меѓу кои и Тилда Свонтон и Идрис Елба, кои присуствуваат на премиерата на нивниот филм „Три илјади години копнеж“ на Џорџ Милер.

Според магазинот Variety забележува дека за да се влезе во канската кино-сала „Лумиер“ мора да се минат неколку безбедносни контроли и при поседување на акредитации, а по целата должина на црвениот тепих се распоредени припадници на обезбедувањето на фестивалот.

Франциската телевизија France24 натписот на полуголата активистка го доведува во можна поврзаност со изјавата од минатиот месец на украинскиот претседател Владимир Зеленески дека иследниците наводно добиле извештаи за „стотиц случаи на силувања“ во областите кои претходно биле заземени од руските сили, вклучително и наводни сексуални напади врз мали деца.

Но, исто така, и проруските сепаратисти изнесуваат исти такви обвинувања за масовни силување и егзекуции на млади жени од страна на украинските паравоени формации изминатите осум години во регионите со мнозинско руско и рускојазично население под контрола на силите лојални на Киев.

Годишното издание на канскиот фестивал е силно политизиран, а на отворањето ненајавено преку видео-врска се обрати Зеленски, поранешен стендап-комичар. Неговото обраќање со овации беше пречекано во салата, но подоцна следеа и бројни критики за неговите алузии и поврзувањето на филмот историски настани.

Војната во Украина беше тема на фестивалот и преку специјалната проекција во четвртокот на „Мариуполис 2“, документарен филм на литванскиот режисер Мантас Кведаровичиус, кон загина во Украина во април, наводно во напад на руските сили, пишува France24.

Украинските филмации, исто така, добија во саботата и посебен ден на филмскиот пазар, а еден на најперспективните украински режисери Сергеј Лозница ќе го претстави своето остварување „Природната историја на уништивањето“ за сојузничките бомбардирања на германските градови во Втората светската војна.

Организаторите на Канскиот фестивал годинава ги откажаа акредитациите за руските филмаџии и новинари, но беше прикажан филм финансиските поддржан од санкционираниот руски милијардер Роман Абрамович.