
Богатата американска наследничка Парис Хилтон се омажи за своето момче Картер Реум фалејќи се дека тоа било „венчавка од бајките“.
Четириесетгодишната Хилтон, која во февруари се вери за бизнисменот нејзин врсник Реум, на својот блог објави поединости од венчавката во Лос Анџелес во четвртокот и напиша дека не може да поверува дека конечно е сопруга.
„Конечно го бакнав својот принц и почнав заеднички живот откако за тоа сонував кога бав мало девојченце. Жена за цел живот“, напиша Хилтон со фотографијата на венчаницата во креација на Оскар де ла Рента објавена на Twitter.
Меѓу гостите на венчавката на богатиот имот на нејзиното семејство на Бел-ер, присуствувале и Ким Кардашјан, Никол Ричи и Пола Абдула.
Деми Ловато настапила на свадбениот прием, во текот на кој Хилтон четири пати ги променила своите кобнинации на облеката, објави доброинформираниот електронски таблоид TMZ.
Хилтон, правнука на основачот на империјата „Hilton Hotel“, Конрад Хилтон, таблоидната слава ја стекна откако протекоа нејзините сексуални снимки во 2001 година. Подоцна настапуваше во телеиозиското риалити-шои „Едноставен живот“, а во моментов ја снима риалите серијата под насловот „Ова е Парис“. Нејзиното лично деловно царство сега вклучува линии парфеми, бутици и други производи.
Хилтон имаше долга низа избраници, од пејачот Ник Картер до богатиот грчки наследник Ставрос Ниархос до музичарот Бенџи Меден. Трипати досега беше верена, со актерот и модел Крис Зилка во 2018-та, со наследникот Парис Касикодокостас-Лацис во 2005-та и со моделот Џејсон Шо во 2002 година.