ВИДЕО I Германски европратеник побара Џамбаски да биде исфрлен надвор: Тој шири омраза

Германскиот европратеник од Партијата на зелените, Рајнхард Битикофер, се налути и побара да биде исфрлен бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од седницата на Европскиот парламент, откако Џамбаски предизвика бес во парламентот споредувајќи ги македонските парламентарци присутни во Стразбур со фашизам.

Бриселскиот медиум „ЕУ воч“ ја пренесе атмосферата и реакциите од Европскиот парламент во Стразбур, каде Бугарија беше критикувана за блокадата на Македонија во ЕУ.

Тензијата настана кога бугарскиот европратеник почна да го критикува претседавачот на либералната групација во ЕП, „Обнова на Европа“, дека како што рече, „не споменал ниту еден збор за репресијата, насилството, и негирањето на правото на самоопределување“, против Бугарите во Македонија.