Необични голови гледаме речиси секој викенд, но она што се случи во Холандија веруваме дека никогаш досега не сме го виделе.
На натпреварот помеѓу Фејнорд и Ден Хах (холандски Den Haag со правилен изговор Ден Хах – МФА: dɛn ˈɦaːx) во младинската лига за играчи до 21 година публиката виде гол по само 8 секунди игра. Не е прв пат да биде постигнат гол толку брзо, но начинот на кој беше постигнат е навистина бизарен.
Комичната ситуација се случи веднаш по изведувањето на почетниот удар од центарот. Топката дојде назад до голманот, но чуварот на мрежата на Ден Хах не се наоѓаше пред својот гол, туку едно 25 метри подалеку.
Несреќниот голман толку несмасно ја прими топката, како вистински почетник, што таа како да се одби од него и излезе како подарок за залетаниот противнички играч Нестро Хрун, кој потоа излезе на празна мрежа и го постигна еден од најлесните голови во фудбалскиот свет.
Curieus doelpunt bij Feyenoord O21 tegen ADO. Vanaf de aftrap wordt teruggespeeld op de keeper, die uitglijdt. Vervolgens kan Groen scoren binnen 8 seconden. pic.twitter.com/eKHiyjqIBF
— Jurjen Hoekstra (@jurjenhoekstra) October 29, 2022