ВИДЕО I Итна евакуација во руски град, пукна брана, закана за 4000 куќи

Во градот Орск, во руската област Оренбург, денеска пукна брана и започната е евакуација на жителите, соопштија локалните власти.

-Пукна брана во Орск. Во тек е евакуација на жителите на градот кој се наоѓа во зона на поплави, се наведува во соопштение на Службата за вонредни состојби.

Се додава дека пробивањето на браната се заканува во зоната на поплави да бидат 4.000 куќи во Орск, каде живеат до 10.000 луѓе.