Фудбалерот на Хатај, Кристијан Атсу е извлечен жив од под урнатините во истоимениот град.
Потпретседателот на клубот, Мустафа Озат за локалните медиуми потврдил дека интернационалецот од Гана кој е поранешен фудбалер на Челси, Њукасл и Евертон, е извлечен повреден од срушениот хотел каде престојувал.
-Кристијан Атсу е извлечен од рушевините со повреди. Спортскиот директор на нашиот клуб, Танер Савут, за жал, се уште е под урнатините, изјавил Озат.
Вчера вечерта се појави информација дека Атсу е пронајден жив, но набрзо беше демантирана со напомена дека тој се уште е под урнатините.
Фудбалерот во неделата навечер во судиското надополнување постигна гол за победа на Хатај. Само неколку часа подоцна се случи катастрофалниот земјотрес.
İnönü Bulvarı Ekinci Mahallesi No: 62 Rönesans Rezidans
Çok sayıda insanın sesinin geldiği, Hentbol oyuncusu Cemal Kütahyalı, Hatayspor Sportif Direktörü Taner Savut ve futbolcu Cristian Atsu'nun da olduğu sitede ekipler otoparka girmeye çalışıyor. pic.twitter.com/rymcNGlxan
— Ajansspor (@ajansspor) February 6, 2023