Станува збор за Мик Мекланг, зад кого се само два меча во НБА и тоа по еден за Чикаго и ЛА Лејкерс, а кој во моментов настапува во развојната Џи-лига каде што се обидува да дојде до договор со некој од големите клубови. Тој дури 19 пати доби максимална оценка и натпреварувањето го заврши со 199,8 поени од можни 200, со што без проблеми излезе како победник во пресметката со Кенион Мартин јуниор, Треј Марфи трети и Џерико Симс. Посебно интересно беше неговото забивање во кое прескокна двајца, ја потпре топката на таблата, а потоа ја заби топката во кошот! На публиката ѝ понуди и забивање со спектакуларно вртење еден ипол пат околу сопствената оска (540 степени).
https://twitter.com/NBA/status/1627149194237726720?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1627149194237726720%7Ctwgr%5Eb8f851ede2d5a2905e55816ddbdfa9a52341d149%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fnba%2Fkosharkar-koj-ne-igra-vo-nba-pobedi-vo-olstar-natprevarot-vo-zabivanje-video
Бекот на Портланд треилблејзерс, пак, Демиен Лилард, беше најдобар во натпреварот во прецизно шутирање тројки, пред Бади Хилд и Тајрис Халибартон од Индијана пејсерс. Лилард имаше по 26 поени во секоја рунда, а рекордот на вечерта го постави Халибартон кој во првата серија броеше до 31. Но, во втората целосно потфрли и дозволи двајца колеги да го престигнат, иако беше фаворит за титулата.
Ноќта меѓу саботата и неделата се одржа натпреварот во вештини, а најдобар беше тимот на Јута. Триото Џордан Кларксон, Вокер Кеслер и Колин Секстон во финалето ги победијата браќата Адетокумбо.