13.8 C
Skopje
недела, септември 22, 2024

ВИДЕО I Македонија води со 2-0 против Украина по првото полувреме, еврогол на Елмас

Со голови на Енис Барди од пенал и ремек дело на Елиф Елмас, Македонија со 2-0 води против Украина во квалификацискиот меч за ЕП 2024 кој се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонија поведе во 31. минута кога Барди погоди од белата точка за водство од 1-0. Пеналот беше досуден поради игра со рака на Украинците за која судијата мораше да гледа ВАР снимка за да досуди пенал.

Само осум минути подоцна, Елиф Елмас постигна прекрасен гол од далечина и зголеми на 2-0 за Македонија.