ВИДЕО I Новинарка го штипна Ѓоковиќ, за да се увери дека е човек

Новинарката на Еуроспорт Барбара Шет-Игл го штипна Новак Ѓоковиќ за време на краткото интервју откако српскиот тенисер го победи домашниот играч Алекс де Минаур со 6:2, 6:1, 6:2 во осминафиналето на Австралија Опен за само два часа.

Шет-Игл се пошегува на тоа и рече: „Морам да те штипнам за да се уверам дека се уште си човек. Ти си, мислам дека си“.

Таа го прашала дали неговиот настап против Де Минаур е толку блиску до совршенството што може да се постигне. „Блиску. Среќен сум“, одговорил Ѓоковиќ.

Во еден од најкратките мечеви на првиот Грен слем годинава не можеше да се забележат проблеми со повредата на Ѓоковиќ. Се движеше со леснотија, принудувајќи го противникот на грешки. Де Минаур, инаку рангиран на 24. место во светот, на крајот освои само пет гема.

https://twitter.com/eurosport/status/1617485567758897155?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1617485567758897155%7Ctwgr%5Ed1e3967d578db1fba950827bd10638dfda316ad1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fnovinarka-go-shtipna-gjokovikj-na-avstralija-open-za-da-se-uveri-deka-e-chovek-video%2Fa565172

Австралиецот одигра брилијантно во првите четири гема против 12-годишниот петти играч на АТП рангирањето и за малку ќе го скршеше својот сервис, но сè потоа до крајот на мечот беше игра на Ѓоковиќ. Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Андреј Рубљев, шестиот тенисер во светот. Русинот во осминафиналето во фантастичен меч го совлада Холгер Руне, десеттиот тенисер во светот.