ВИДЕО I Победа на Македонија против Летонија, го обезбеди првото место во групата

Македонската репрезентација ја совлада Летонија со голот на Никола Серфимов во 57 минута.

Така, македонската репрезентација дојде до четвртата победа по ред во групата во Лигата на нации, и го обезбеди првото место во групата и пласман во Б сегментот. Ако имаше некакви дилеми пред овој меч, тогаш сите беа отстранети, и не само што не загубија со голема разлика, туку остварија нова победа со чиста мрежа, како што рече вчера на прес-коференцијата голамнот Столе Димитриевски.

Не беше воопшто лесно да се победи Летонија, која покажа сила особено по првиот дел кога имаше две зрели шанси. Македонија се разбуди дури во вториот дел кога тргна по победата и успеа да дојде до неа. И по водството, Летонците се обидоа да дојдат барем до бод, меѓутоа остварена целта да се заврши уште еден меч во Лигата на Нации со чиста мрежа.

Никола Серафимов е творецот на оваа победа. Со неговиот гол Македонија дојде до четврта победа, дефинитивно до првото место во групата, со кое обезбедуваме пласман во Б сегментот, но и разигрување за пласман на идниот Мундијал.

Две шанси имаше Летонија, една Македонија во првиот дел.

Македонскиот национален тим во 22 минута остана без Елмас, кој поради повреда мораше да биде заменет.

Следуваше нова шанса на Савајниекс кој по една добра акција, имаше лоша завршница и шутираше само над голот.

Најдобрата шанса на мечот во првиот дел, сепак, ја имаше Македонија. Исник Алими убаво се ослободи од одбраната, и шутираше, но голманот Матревич успеа да одбрани и така на полувреме да мируваат мрежите.

Веднаш шанса за Македонија на стартот на вториот дел. Димоски убаво шутираше, беше пред постигнување гол, но топката заврши само над пречката.

Фуриозниот почеток на вториот дел за Македонија, го материјализираше со предност во 57 минута. По изведен корнер, топката од првиот Зајков ја префрли на вториот дирек каде беше Серафимов, кој беше прецизен во мрежата на Летонците, за предност на нашиот национален тим.

Долго време не се случуваше ништо посебно на теренот по постигнатиот гол, а потоа во 82 минута Ќамили пропушти можност да ја зголеми предноста, и се чини да стави точка на победата. Убаво се проби по десната страна, но неговиот удар го сопре противничкиот голман.

Шанса за Летонија имаше Мелникс, кој со глава од добра позиција се обиде само над голот, со што избраниците на Благоја Милевски мирно го одведоа натпреварот кон последниот свиреж.

Последниот меч Македонија го игра во недела во 15 часот против Фарски Острови.