Морничава ситуација е забележана на вториот тренинг пред Големата награда на Германија.
Познатиот мотоциклист Марк Маркез, освојувач на шест титули, доживеа тежок пад, но во таа прилика подобро се снајде од својот несреќен колега.
Мотоциклот на Шпанецот излизга по патеката, по што му направи „лизгачки старт“ на неговиот противник, кој летна во воздухот.
Поради големата брзина со која мотоциклот се лизгал на патеката, моторот на Жоан Зарк буквално беше преполовен.
И двајцата возачи поминаа без посериозни последици.
Crash of Marc Márquez, with his bike crashing again Johann Zarco, breaking the french bike in Two pieces pic.twitter.com/gjJR829bOg
— Motorcycle Sports (@MotorcycleSp) June 16, 2023