Се плашев за својот живот, затоа ги извршив убиствата. Ова денеска во полициска станица го изјавил 23-годишниот Н.Л. од Србија откако признал дека го извршил двојното убиство во новосадската населба Футог кога ги застрелал 19-годишниот Н.Ш. и 20-годишниот М.М., објавија српските медиуми.
Како што пишува српски „Блиц“, убиецот раскажал дека се плашел за својот живот, затоа што, наводно, двете убиени момчиња му се заканувале дека ќе го исечат со мачета и дека ќе го фрлат во Дунав.
– Веднаш штом ги здогледал Н.Ш. и М.М. како чекаат во автомобилот пред неговата куќа, тој се вратил дома и го земал пиштолот. Потоа, влегол во автомобилот во кој биле неговите пријатели и почнал да пука во правец кон жртвите – изјавил извор на „Блиц“, кој е сведок на настанот.
Наводно, безбедносните камери на околните објекти го снимиле целиот настан, вклучително и самиот чин кога било извршено двојното убиство.
Да потсетиме, пукањето се случило ноќеска пред ОУ „Десанка Максимовиќ“ во Футог, Нови Сад.
View this post on Instagram