ВИДЕО I Вучиќ ги повика граѓаните на историски најголемиот собир во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека на 26 мај ќе го организира најголемиот собир во историјата на земјата за што упати покана до сите граѓани на земјата.

Собирот според најавата на српскиот претседател ќе се одржи напладне пред Народното собрание или на Плоштадот на Републиката, во Белград.

Тој ја обвини опозицијата дека „на брутален начин“ ја злоупотребила трагедијата со единствена цел да употребат насилство и да ја преземат власта преку насилство.

Ги повика како што рече сите кои и сакаат добро на Србија и да ја одбранат од оние кои по секоја цена ќе ја урнат и уништат.