Магацин за гориво гореше рано утринава во близина на клучниот мост што го поврзува копното на Русија со Крим, изјави руски официјален претставник. Инцидентот доаѓа неколку дена откако Москва ја обвини Украина за напад со дронови во кој беше запалено складиште за нафта во главното пристаниште на полуостровот, Севастопол, пренесува Ројтерс.
Според видеата објавени на социјалните мрежи, пламен и црн чад се издигнаа над големи тенкови на кои имаше црвени натписи „запаливо“. Автентичноста на видеата уште не е потврдена во западните медиуми.
Emergency Services are currently on-site of the ongoing Fire at a Fuel Depot in the Russian Port City of Taman in the Krasnodar Krai Region that was reportedly caused by a Ukrainian Drone Strike; the Fire is said to be “Contained” and has not yet spread to nearby Fuel Tanks. pic.twitter.com/ZVGBnQN577
— OSINTdefender (@sentdefender) May 3, 2023
– Пожарот е класифициран со највисок степен на тежина – рече на Телеграм Вениамин Кондратиев, гувернер на Краснодарската област.
Гувернерот додаде дека нема жртви и дека пожарот избувнал во селото Волна. Селцето е блиску до Кримскиот мост преку Керченскиот теснец, главна артерија за руските сили, бидејќи го поврзува копното со полуостровот Крим кој беше анектиран во 2014 година од Украина.