Во интервју за Подкастот Југославија, српскиот актер и политичар Бранислав Лечиќ, вели дека демократските промени во Србија не би биле без крв, доколку не бил Зоран Ѓинѓиќ.
„Тој го даде својот живот за да нема други жртви за важната демократска промена за ова општество“.
„Не го подржувам шовинизмот, но националното чувство, да. Тоа е идентитет. Тогаш многу лесно се препознава оваа сегашност, бидејќи за да го надминеме минатото, мора добро да го познаваме. Тоа добро познавање не треба да не одведе во омраза, негација, туку во сознание. Тоа што не ме уби, ме зајакна. Тоа е патот демократијата да се спроведе во дело и да се направи систем во кој меѓусебно се почитуваме, знаеме кој сме и едноставно можеме да сметаме едни на други. Кога се зборува за Ѓинѓиќ, сите забораваат дека тој беше и национално обоен. Тој не е само демократ и не зборуваше само дека Србија треба да биде демократска, туку и со национално педигре, што не е омраза кон другиот, туку самосознание“, кажува во интервјуто Лечиќ.
Во продолжение погледнете го целото интервју: