(ВИДЕО) Иранската Анџелина Џоли ослободена од затворот

Младата иранска ѕвезда на социјалната мрежа Instagram, Фатимех Кишванд, позната и како „Зомби Анџелина Џоли“, е ослободена од затвор, пишува во петокот британскиот таблоид Mirror.

Минатата седмица беше објавено дека 19-годишната девојка позната во Иран под псевдонимот Сахар Табар, која всушност е идентификувана како Фатимех Кишванд од иранската престолнина Техеран, е осудена на десетгодишна строга затворска казна.

Кишванд беше осудена за „промовирање јавна корупција“, откако како што своевремено објави иранската новинска агенција Tasnim, првично била обвинета за богохулство, поттикнување на насилство, заработка на неприфатлив начин и охрабрување на корупција меѓу младите. Истовремено

Според Mirror, Фатимех била ослободена од приторот само неколку дена по објавувањето на строгата казна поради „масовниот медиуми притисок“. Корисници на социјалните медиуми, објавиле фотографии на Фатимех со нејзината мајка откако била ослободена со кауција по пресвртот во одлуката на иранските власти.

Ослободувањето на девојката го потврди иранската новинарка Масих Алинеад, којашто на Twitter, напишала дека ослободувањето дошло по „огромниот притисок на медиумите“. Девојката во април побарала ослободување од казната, наведувајќи дека се разболела од коронавирус додека се наоѓала во притовор. Тогаш било одбиено нејзиното барање за положување кауција, иако во други случаи поради истата причина биле ослободени други затвореници.

Фатимех Кишванд се прославила во 2017 година, кога беше објавено дека наводно се подвргнала на 50 операции за да изгледа како славната холивудска актерка Анџелина Џоли. Сепак, девојката подоцна призна дека успеала да постигне таков изглед едниствено благодарение на шминката и фотошоп. Поради морничавиот изглед на една од фотографиите објавени на нејзиниот профил таа беше наречена и „Зомби Анџелина Џоли“. Речиси половина милион корисници на интернет го следеле профилот на младата Фатимех.

Во јули 2019 година, Фатимех Кишванд првпат го откри својот вистински изглед, појаснувајќи дека воопшто нема амбиции да изгледа како Џоли.

Многумина „преобразувањето“ на девојката со помош на шминка и фотошопирање го сфатиле како шега, но на 5-ти октомври 2019 година иранската полиција ја уапсила заедно со уште три млади жени кои станале познати преку своите постови на Instagram.