(ВИДЕО) Избувна пожар на шесткатница во Париз

Пожарот кој избивна ноќта кон неделата на шесткатница во XIX арондисман во североисточниот дел на француската престолнина Париз е изгаснат, изјавиле за медиумите припадници на службите за итни интервенции.

Сепак, областа во којашто се наоѓа опожареното здание е блокиран за движење. Во близината се распоредени возила на итните служби со вклучени ротациони светла, пренесуваат медиумите. Нема информации дека е спроведена евакуација на самата шесткатница или на блиските објекти.

Засега не е познато дали во силниот пожар, на кој според сведоци за телевизијата BFMTV му претходела експлозија, има настрадани. Непозната е, исто така, и причината за избувнувањето на огнот.

Група станари од зградата во која се случил пожарот, рекле дека не слушнале експлозија.

Во гаснењето на пожарот биле ангажирани 80 пожарникари, а според прелиминарните извештаи нема жртви. Огнот се јавил „меѓу првиот и петтиот кат“, над продавници, „во модерни апартмани, кои најверојатно се дуплекси или триплекси“, изјавил Габриел Плу, портпарол на противпожарната служба на Париз.

Иако неколку сведоци сметаат дека пожарот го предизвикала експлозија, портпаролот на пожарникарите во Париз навел дека зградата „не била снабдена со гас“ и дека е „премногу рано за да се утврдат причините за овој пожар“.