![protetsi izrael](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/protetsi-izrael.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Палестинците сакаат независна држава во областа на Западниот Брег, со источен Ерусалим како главен град, како и Појасот Газа. Израел ги освои тие територии во Шестдневната војна во 1967 година.
Фотографот на Ројтерс и израелските медиуми проценуваат дека неколку илјади луѓе се собрале на плоштадот Рубин во центарот на Тел Авив. Анкетата објавена оваа недела покажува дека повеќе од половина Израелци ја поддржуваат анексијата.
Нетанјаху го одреди 1 јули како датум кога ќе почне со спроведувањето на анексијата на израелските населби и долината на Јордан на Западниот Брег и се надева на зелено светло од Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп во јануари изложи мировен план што Палестинците веднаш го отфрлија и ја критикуваа идејата за израелска анексија.
Стравувајќи од можна појава на насилство и дипломатски реперкусии, некои европски и арапски држави, како и Обединетите нации, го повикаа Израел да се откаже од својот план.
Некои аналитичари сметаат дека администрацијата на Трамп сега не сака дополнително да ја поттикнува нестабилноста на Блискиот Исток со тоа што ќе му ја дозволи на Израел анексијата, затоа што и самата е погодена од нестабилност поради епидемијата на коронавирус и протестите против полициската бруталност.
https://www.youtube.com/watch?v=inM6Nvx2eXY&feature=emb_logo