Палестинец кој убил двajца мажи, на 27 и на 28 години, во бар во Тел Авив е застрелан во петокот од безбедносните сили по повеќечасовна потера низ градот.
Полицајците по деветчасовна потрага го пронашле мажот кој се криeл покрај џамија во Јафа, јужно од Тел Авив, соопшти израелската безбедносна служба Шин Бет, и додава дека во размената на огнот убиен е напаѓачот.
Шин Бет го идентификувал напаѓачот како 28-годишниот Рад Хазем Палестинец од бегалски камп Џенин, град во палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан), кој во Израел престојувал илегално.
Во четвртокот вечерта, на почетокот на викендот во Израел, напаѓачот влегол во клуб на преполната главна улица во Тел Авив и почнал да пука. Покрај двете смртно застрелани жртви, тешко се ранети уште три лица.
Откако побегнал, жителите биле предупредени да не излегуваат од своите домови. Во потерата по напаѓаќот учествувале стотици израелски полицајци и хеликоптер со рефлектори.
Палестинската агенција Walla News објави дека се верува оти напаѓачот ја познавал областа и оти се надевал дека ќе се сокрие во џамијата во времето на првата петочна молитва во текот на светиот муслимански месец Рамазен.
Нападот во барот е најновиот во низата смртносни улични пукање последните две седмици во Израел во кој се убиени 13 лица.
Chilling video: pedestrians flee the scene of tonight’s terror attack in central Tel Aviv, in which at least five people have been wounded, several seriously.pic.twitter.com/BXclhSk1Wf
— Avi Mayer (@AviMayer) April 7, 2022
This is the center of Tel Aviv right now: IDF special forces participate in the manhunt for the gunman who carried out tonight’s terror attack, in which at least two people were killed and more than a dozen wounded.pic.twitter.com/VENA6A9Z1n
— Avi Mayer (@AviMayer) April 7, 2022