Руската престолнина Москва е позната по долгите зими и обилните врнежи од снег. Тамошните градски власти, може слободно да се каже, се одлично организирани во чистење на улиците од снежната покривка и овозможување на жителите да функционираат нормално во секојдневниот живот.
Но, каде се носи сиот тој снег?
Руската телевизиска станица „РТ“ објави кус видео запис на кој се гледа каде завршува снегот кој е исчистен од улиците.