(ВИДЕО) Кадиров ја избричи главата после повикот за отворање на берберниците

Реагирајќи на притисокот од јавноста за отворање на фризерските салони и покрај пандемијата на коронавирусот, лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров ја избричи главата и ги повика и другите да го сторат истото.

– Сите наши салони за нега на убавината се затворени, па го направив она што би го направиле нашите предци, и ја избричив главата. Ви препорачувам и вам да го направите тоа, рече Кадиров во видео снимка што ја објави на социјалните мрежи.

Неговиот пример го следеа многу високи функционери на Чеченија, објавувајќи фотографии на кои можат да се видат со избричени глави.

https://www.instagram.com/tv/B_Vc8T9F_QN/?utm_source=ig_embed