
Гранитните мускули, костумите со остри рабови и сино-белите вратоврски, по кои беа препознатливи телохранителите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го привлекоа вниманието на оние кои имаа можност да го следат историскиот самит со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.
Особено забележливо бил моментот кога дванаесетте севернокорејски „мажи во црно“ џогираа околу лимузината којашто го носела Ким на паузата за ручек на историскиот самит во Демилитаризираната зона.