ВИДЕО| Капсулата Crew Dragon со екипаж лансирана кон ISS

SpaceX Crew-2 CEIT. Location: SpaceX headquaqrters, Rocket Road, Hawthorne, California. Photo Credit: SpaceX

Ракетата носач „Falcon 9“ со вселенската капсула „Crew Dragon Endeavour“ е лансирана во петокот од Вселенскиот центар Кенеди на американската агенција за вселенски истражувања NASA на Флорид кон орбиталната Меѓународна вселенска станица (ISS) на којашто шест месеци ќе минат четворицата астронаути.

И ракетата и капсулата за човечки екипаж ги разработи и дизајнирапе приванта компанија „SpaceX“, на американскиот претприемач Илон Маск.

Капсулата „Crew Dragon Endeavour“ е опремена со 16 дрејко потисници за маневрирање во орбитата, а има и неколку падобрани за слетување.

Со неа околу 11,49 часот по македонско врее кон орбиталната вселенска станца се упатија астронаутите Шејн Кимбро и Меган Меккарур од NASA, Французинот Тома Песке од Европската вселенска агенција (ESA) и Акихико Хошида од Јапанската аеронатуичка и вселенска истражувачка агенција (JAXA). Тие ќе го заменат четирите членовите на „Crew-1“ мисијата кои се враќаат на Земјата.

Станува збор за првото лансирање на NASA преку комерцијалната програма на коешто се наоѓаат и два партнерски меѓународни астронаути.

Ова е првпат вселенското летало „ Crew Dragon“ да се користи по вторпат, откако веќе беше користено за пробните летови. Ракетата „Falcon 9“, исто така, се користи вторпат, откако беше користена во мисијата „ Crew-1“, односно ова е првпат екипаж да лета со „рециклирана“ ракета и вселенска капсула.

Компанијата „SpaceX“ стана префериран веселенски транспортер на NASA, откако „Boeing“ доци со тестирање на својата вселенска капсула „ Starliner“.

Со првиот лет со екипаж на „SpceX“ во мај 2020 година, NASA ја прекина децениската американска зависност од руските ракети „Сојуз“ за транспор на Меѓународната всенска станица.

Заеднички NASA и „SpaceX“ планираат најмалку две лансирање годишно, а компанијата на Илон Маск ќе стане, по руски „Роскосмос“, постојан партнер на американската вселенска агенција за испраќање товари и луѓе во орбитата.

Откако ќе пристигната на ISS, астронаутите од мисијата „Crew-2“ ќе минат повеќе време во научни истражувања во областите како што се медицинската технологија, човековото здравје и материјалите кои би биле од полза за животот на Земјата.

Орбиталната станица на височина од 400 километри над планетата е опремена со инструменти за набљудување на климата на Земјата, промените во природната средина и катаклизмите.