ВИДЕО| Кинеската покраина Хенан погодена од најобилните дождови во „последните илјади години“

Централната кинеска покраина Хенан е погодена од обилните дождови и поплави, а најтешко настрадал покраинскиот административен центар Женгжу, кој е погоден, како што наведуваат метеоролозите, со најобилните дождови „во последните илјади години“.

Во Женгжу, град со повеќе од 12 милиони жители сместен на бреговите на Жолтата река, 12 луѓе смртно настрадале во поплавите во подземната железница, додека повеќе од 500 луѓе се спасени, објавија локалните власти.

На снимките објавени на социјалните мрежи во вторникот, може да се видат луѓе кои се речиси до грлото во матната вода во темница, додека подземната железница изгледа како огромен стеснет базен. Досега во покраината се евакуирани сто илијади луѓе.

Милиони луѓе во Женгжу се погодени од последиците на невремето кое трае од изминатиот викенд, по што областа на покраината Хенан е зафатена со поплавите од околните реки кои надојдоа како последица на невообичаено активната сезона на дождови.

Запрени се голем број железнички линии ширум покраината Хенан, којашто е главниот сообраќаен и железнички јазол во централниот дел од Кина. Затворени се, исто така, и бројни автопатови, а летовите се откажани или одложени најмалку до средата доцна попладнето.

Улиците се целосно поплавени во десетина густо населени градови. На снимките објавувани на социјалните мрежи може да се видат жителите од тие области како држејќи се за рака се пробиваат низ поплавените улици. Една од снимките прикажува како поплавената водеа низ главан главна улица затрупана со речиси до покривот потопени возила, носи возрасни лице и дете.

Од саботата вечерта до вторникот доцна ноќта на подраќјето на Жангжу се измерени 617.1 милимитри дожд, што е речиси еднакво на годишниот просек за оваа област, што изнесува 640.8 милиметри.

Количеството дожд коешто наврнало во последните три дена во Женгжу забележано е „само еднаш во последните илјаа години“, изјавија метеоролози, како што пренесуваат локалните медиуми. На десетици вештачки езера водата ги надминала сите дозволени нивоа.

Ноќта кон средата дождовите предизвикаа попуштање на 20-метарската брана Јихтен во градот Луојанг, западно до Женгжу, а локалните власти предупредија дека „браната може да попушти во секој момент“.

Во Женгжу попуштил и градскиот резервоар за вода, извстија локалните служби за контрола на поплавите. Според прогнозите, обилните дождови ќе траат до средата вечерта, но врнежите во целата покраина Хенан ќе продолжат следните три дена.