
Кинеското вселенско летало без екипаж успешно слета на површината на Марс во саботата рано утрото по средноевропско време, известија кинеските државни медими, со што Кина стана втората земја по САД која изведе атерирање на свој уред на Црвената планета.
Вселенското летало „Тјанвен-1“ (Прашање до небото) слета на јужниот дел од големата рамница позјата како Утопија Планитиа, „првпат оставајќи кинеска трага на Марс“, пренесе службената новинска агенција Xinhua.
Пет тони тешкото вселенско летало беше лансирано од јужниот кинеско остров Хајнан во јули минатата 2020 година, а по повеќе од шест месеци патување „Тјанвен-1“ во февраури годинава влезе во орбитата на Марс.
Роверот на сончева енергија „Журонг“, кој е опремен со шест научни инструменти, вклучително и топографска камера со висока резолуција, сега ќе ја проучува површината на почвата и атмосферата на планетата.
„Журонг“, наречен според митолошкиот кинески бог на огнот, исо така, ќе трага по знаци од живот, вклучително и подземни води и мраз, користејќи радар.
Се претпоставува дека на овој дел од Марс, подземните води би можеле да извираат на површината. Контролниот тим на роверот од Земјата мораше да почека повеќе од еден час роверот да се ослободи од соларните панели и да може да сигнализира успешно слетување. Поради големото растојание меѓу Марс и Земјата, околу 320 милиони километри, доцнењето на сигналот е околу 17 минути.