(ВИДЕО) Колку пати може во една минута да се каже „Северна“?

Во настојувањата што повќе да му се додворат на „кумот“ на новото име на Македонија, потчинетите на Зоран Заев отворија вистински натпревар во тоа кој повеќепати ќе го истакне терминот од Преспанскиот договор.

Според видеото кое го објави порталот off.net.mk, се чини дека шампиот е директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, која во прилогот од една минута успева на секои десетина секунди да го спомене „Северна Република Македонија“.

„За свое дете да зборуваше, немаше толку пати да го спомнува ‘со цело име и презиме’. Кутри тие, мора нападно да си повторуваат на глас за да можат да запамтат како по ново им се вика државата“, коментира порталот.