ВИДЕО| Кошарка: Тежок пораз на Хрватска кај Словенија во квалификациите за СП

Хрватската машка кошаркарска репрезентација претрпе во четвртокот вечерта тежок пораз од 63-97 (8:33, 27:21, 16:22, 18 :21) на гостувањето кај Словенија во Љубљана во средбата од петтото коло од Групата Ц од првиот круг од квалификациите за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се игра во Индонезија, Јапонија и Филипини.

Иако хрватскиот селектор Дамир Мулаомеровиќ за натпреварот во „Стожице“ на располагање ги имаше сите најдобри играчи предводени од оние кои играат во НБА лигата, Бојан Богдановиќ, Ивица Зубац и Марио Хезоња, дуелот беше решен уште по првите десет минути кои Словенија ги доби дури со 33:8.

Предводени од суперѕвездата Лука Дончич и искусниот Горан Дагич, Словенците лесно минуваа низ порозната хрватска одбрана и поентираа од речиси секој напад. Хрватска успеваше да го одржи ритамот во првите две минути од првата делница кога резултатот беше 7:6 за Словенија, но во следните шест ипол минути домашните направија серија од 20:0.

Драгич гаѓаше од дистанца а Дончич од влезови, на Словенија првата четвртина ја заврши со 100-процентен шут за два поена – 9 од 9, додека Хрватската во истиот период ги промаши сите 7 обиди за „тројка“ и загубени шест топки. Притоа гостите немаа никаква идеја, и речиси секој напад го завршуваа со шут од тешка позиција и на истекот на времето.

Во втората четвртина Словенија ја зголеми предноста на 27 поени (42:15) пред да почне да дејствува шутот на Хрватите. Со „тројките“ на Горан Фикиповиќ и Хезоња, гостите направија серија 9:0 пред крајот на првото полувреме, и се приближи на 35:49, но Словенија ги постигна последните пет поени пред одењето на одмор.

Словенија во второто полувреме рутински ја одржуваше предноста од 20-ина или повеќе поени разлика.

Лука Дончич со 21 кош, 10 асистенции и 8 скокови ја предводеше Словенија, а Горан Драгич додаде 19 поени. Кај Хрватска, пак, најефикасни беа Хезоња со 22 и Зубац со 14 поени.

Со оваа победа Словенија го обезбеди пласманот во вториот круг од квалификациите, сега со сооднос на победи и порази 3-2, и ѝ се приклучи на Финска која вториот круг го обезбеди претходно во четвртокот со победата на домашен терен од 85:69 над Шведска која стаса на соодносот 4-1. Шведска е трета со соодносот со 2-3, а Хрватска е последна со 1-4.

Последното коло од групата се игра во недела кога Хрватска во Ријека ја пречекува Финска и ѝ е потребна победа со домашен пораз на Шведска од Словенија за да го избегне последното место во групата која воедно значи и крај на квалификациите. Доколку се поклопат работите, Хрватска би го освоила третото место во групата и пласман во вториот круг од квалификациите, но со сооднос 2-4 и само теоретски шанси за пласман на кошаркарскиот мундијал.