(ВИДЕО) Крава дефилира на булеварот „Цветан Димов“ во Чаир

Се и сешто може да се види кај нас, па и тоа на една од најпрометните улици во Скопје среде улица слободно да се шета крава.

На потегот меѓу ОУ „Лирија“ и трговскиот центар „Чаирчанка“ во правец накај „Бит пазар“ кравата се движи со автомобилите по булеварот „Цветан Димов“.

Од каде дошла кравата среде Скопје не е познато, но е проблем за сообраќајот, па и предизвикување на сообраќајни несреќи.