ВИДЕО| Кремљ објави снимка од летот со стратешки бомбардер по кој Путин одговори на навредите од Бајден

Кремљ во четвртокот попладнето на својата интернет страница објави едноминута снимка направена во пилотската кабина на стратешкиот бомбардер „Ту-160М“ со кој претходно леташе рускиот претседател Владимир Путин.

Во текот посетата во Казан, рускиот претседател Владимир Путин беше дел од екипажот на модернизираниот надзвучен стратешки носач на ракети бомбардерот „Ту-160М“. Стратешкиот бомбардер „Туполев Ту-160М“ може да понесе 12 крстосувачки ракети и 12 проектили со нуклеарни боеви глави со кус дострел, а може да прелета 12.000 километри без полнење гориво.

Путин во воздух минал 30 минути, а самата подготовка за летот траела уште 45 минути, соопшти Кремљ. Рутата на летот со бомбардерот со рускиот претседател не беше објавена како воена тајна, вообичаено за лет на бомбардерите со долг дострел на руското воено воздухопловство. Беше објавено само дека рускиот претседател полетал од пистата на Казанската воздухопловна фабрика „С.П. Горбунов“.

„Ова е навистина нова машина, нова на многу начини. Се справува подобро, може да се види дури и со голо, непрофесионално око. Доверливоста е многу висока. Вооружувањето. Ова е нов авион“, коментираше Путин пред новинарите по слетувањето.

По слетувањето со бомбардерот Путин со eден од познатите тешки руски камиони „КамАЗ“ пристигнал во Казан, а во шоферската кабина бил придружуван од вицепремиерот Марат Хуснуллин.

Путин престојува во Казан во посета на делница од ткн мултифункционалната зона за патна услуга, каде што започнува автопатот М-12 „Исток“.

Планирано е оваа траса да ги поврзува големите руски градови Москва, Казан, Екатеринбург и Тјумен и да стана основата на брзата транспортна рута од Санкт Петербург во Финскиот залив до Владивосток на пацифичкиот брег на Јапонското Море, во должина од 12.000 километри.

На барање на новинарите да ја коментира навредливата изјава на негова адреса од американскиот претседател Џо Бајден, Путин ја оцени како „соодветна реакција“ на искажувањата за него самиот.

„Реков дека ќе работиме со кој и да е претседател (на САД), но верувам дека за нас, за Русија, Бајден е попожелен. И судејќи според она што сега го кажа, јас апсолутно сум во право, бидејќи тоа е соодветна реакција на она што беше кажано од моја страна“, саркастично изјави рускиот претседател истакнувајќи дека оваа изјава ја дал за рускиот аудиториум и не за јавноста во САД.

Бајден претходно во четвртокот на затворен предизборен настан за собирање донации за неговата претседателка кампања во Сан Франциско, Бајден повторно искажа навредливи описи за Путин. Американскиот претседател рече „имаме луди кучкини синови како она типче Путин и другите, и секогаш мораме да се да се грижиме дека може да избие нуклеарна војна…“. Станува збор за последната во низата навреди кои Бајден ги употребува во описите на Путин, нарекувајќи го јавно изминатите две години рускиот претседател „диктатор“, „касап“, „убиец“, „воен злосторник“.

Во претходните случаи Путин, со нескриен сарказам, возвраќаше дека на Бајден му посакува здравје и забележуваше дека „оценувањето на другите луѓе е исто како да се гледаш во огледало“

Претходно во четвртокот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков коментирајќи го на брифингот со новинарите испадот на Бајден рече дека таквата реторика е „неприфатлива и непростлива“, особено од лидер на земјата „чиишто бомби убија стотици илјади луѓе ширум светот“.