ВИДЕО| Кристијан Голубовиќ открива колку чини македонски пасош за криминалци

Македонија секогаш одржувала високо ниво на соработка и со криминалците и со политичарите, вели Кристијан Голубовиќ, српска телевизиска личност и поранешен криминалец, дел од  српско подземје од деведесеттите години.

Тој во интервју за порталот Република открива колку чини македонскиот пасош за криминалците.

– Од сите страни низ Македонија поминуваат многу силни и многу големи банди – албански, бугарски, грчки, српски, црногорски. Вие сте епицентарот на сите случувања. Вашата земја е мала, но во неа лесно се влегува и од неа лесно се излегува. Вие сте транзитна земја и кај вас никој не се задржува, но Македонија е на некој начин отскочна даска за релација Балкан-Запад и Запад-Исток. Лесно се доаѓа до македонски пасош. Ако зборуваме за оригинален пасош, тој може да се набави за 5.000 до 10.000 евра – вели Голубовиќ.