Лекарот од општа пракса и локален претседател на Баварската лекарска асоцијација, Јакоб Бергер, во четврток за медиумите даде процени за здравствената состојба на германската канцеларка Ангела Меркел, којашто силно почна да се трепери на настанот на кој го придружуваше претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, како и на 18-ти јуни кога со укранскиот претседател Владимир Зелински не успеваше да го контролира силното тресење во текот на интонирањето на националните химни.
Германската канцеларка Ангела Меркел повторно не можеше да го контролира и спречи тресењето на јавен настап. Овојпат во Берлин, на испраќањето на министерката за правда Катарина Барли, која доби мандат во Европскиот парламент. Меркел цврсто ги држеше рацете и се придржуваше на средбата со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. На канцеларката ѝ донесоа вода, но таа одби да ја испие.
Според Бергер, нема потреба од загриженоста за здравјето на канцеларката. „Сѐ се случи многу брозо и Меркел веднаш можеше да продолжи со активностите“, изјавил за новинарите на германскиот весник Focus.
Лекарот, исто така, забележува дека не може да стане збор за Паркинсонова болест, бидејќи кај ова заболување треперењето на телото е многу послабо, па речиси и незабележливо.
Кардиологот и геронтолог Јуриј Конев, смета дека во случајот на Меркел можеби станува збор за ткн исхемичен тремор, односно поради можно затнување на некои артериски крвни садови. Според него, исто така, може да се работи и за форма на дијабетес или проблеми со крвните садови.
„Тоа може да биде исхемичен тремор или пад на нивото на шеќерот. Има многу опции“, го цирите Конев весникот Daily Storm.
Повеќе невролози интервјуирани во четвртокот, исто така, сметаат дека исхемичниот тремор е можеби една од причините за здравствените проблеми на канцеларката Меркел.
Претходно во четвртокот Меркел почувствувала слабоста на средбата со претседателот Штајнмаер. Истоврменено портпаролот на канцеларката ги негираше претпоставките за нејзина болест. Според него, Меркел има намера да учествува на сите настани планирани во блиска иднина, оаосбено на церемонијата на инаугурациајта на должноста на новиот германски минситер за правда.
Германската канцеларка и пред девет дена многи очигледно се тресеше на пречекот на новиот украински претседател Володимир Зеленски. Во текот на интонирањето на химните на Германија и Украина, целото нејзино тело почнаа да се тресе, а изгледаше како малку да ѝ е подобро кога заедно правеа смотра на почесната стража на германската војска. Подоцна на конференција за новинарите порача дека била дехидрирана и дека во меѓувреме се напила вода.