Манекенката Адријана Лима се најде пред силни критики од јавноста откако во едно видео без да знае упати поздрав до терористи. Лима неспретно ја поздрави терористичката група „Сиви волци“ од Турција.
На кратката видео снимка се гледа Адријана која со карактеристичниот поздрав на раката го изговара зборот „borkurtlar“ што на турски јазик значи –волци. По лавината негативни коментари се огласи и портпаролот на бразилската манекенка кој тврди дека Лима била измамена на мошне груб начин.
Видеото го снимил турски боксер кој ја посетил теретаната на Адријана Лима во Мајами. Тој и предложил да го покаже знакот и да ја наведе неговата теретана. Таа не знаела дека тој збор има поинакво значење и дека може да биде доведено во врска со политичка група. Адријана е многу разочарана што некој ја злоупотребил и без нејзино знаење и согласност ја искористил за сопствени цели, изјавил портпаролот на Манекенката.