(ВИДЕО) Локализиран пожарот во деловниот центар во Москва – двајца повредени, 120 евакуирани

Две лица се повредени во пожарот во деловниот центар „Гранд сетун плаза”, лоциран во западниот дел на Москва, јавија руските медиуми.

Според Министерството за вонредни состојби, пожарот е локализиран, околу 120 луѓе се евакуирани, 11 се спасени со помош на специјални уреди, а околу 20 се уште се заробени во зградата.

Како што претходно беше јавено, огнот ги зафатил првите четири ката од зградата, а во моментот се врши истрага.

https://www.youtube.com/watch?v=SaEM_ayw5YY&feature=emb_title