(ВИДЕО) Луис Суарез брилијантен во победата на Барса во „Ел Класико“

Фудбалерите на Барселона победија и на вториот тежок натпревар во кој настапија без својот капитен Лионел Меси, а во неделата со високи 5:1 го добија првото „Ел Класико“ одиграно во рамките на десеттото коло од шпанското првенство, при што Луси Суарез постигна хет-трик.

Барселона супериорно го отвори мечот и поведе веќе во 11 минута, откако Иван Ракитиќ со долга топка го проигра Жорди Алба на левата страна, а овој со повратна топка го најде Филипе Коутињо кој го совлада реаливиот голман Де Хеа,. Во 30 минута Варан задоцнето стартуваше во својот казнен простор врз Суарез, по што по прегелдување на ВАР ситтемот беше досуден пенал кој го резлизираше Уругваецот.

Гостите од Мадрид возвратија со висок пресинг на противничката половина на почетокот од второто полувреме и веќе во 50 минута Марсело намали за 1:2. Во 56 минута Лука Моидриќ можеше да израмни, но неговиот удар од шеснаесетина метри заврши во дирекот. Неколку минути подоцна, и Суарез на спротивната страна ја погоди стативата од противничкиот гол.

Реал во овој период имаше уште неколку шанси, но во финишот следеше канонада на Барса. Прво во 75 метри Суарез силно и необранливо од едонаесет метри биеше со глава, а во 83 минута од противнапад луцидно го префрли противничкиот голма за својот трет гол на дуелот и водство на Каталонците од 4:1. Конечниот резултат го постави Артури Видал по неколку минути минати на тревникот, откако во 87 минута со глава реализираше одлично нафрлување од левата страна.

Барселона со победата се врати на првото место на табелата со 21 бод, два повеќе од Атлетико Мадрид, додека Реал Мадрид е дури деветти со 14 бодови.

 

https://www.youtube.com/watch?v=U0cGoiMeyjo