Дваесет и осум годишна мајка на две деца од пет и две години, боледува од Кронова болест, не може да стане од кревет и има рана на левата нога, а е оставена да се мачи во домашни услови, затоа што немало доволно капацитет да биде примена на болничко лекување.
Како што реагира отец Оливер Петровски од хуманитарната организација „Свети Спас“, тој и другите од организацијата и помагаат колку што можат, но за жената е неопходно да биде хоспитализирана и да добива професионална медицинска помош.
Затоа Петровски јавно апелира до кинистерот за здравство, Венко Филипче, да реагира и да се најде решение да и се помогне на Драгана и на нејзините две деца, а не тие да бидат игнорирани од државата и препуштени самите на себе.
„Драгана е 28 годишна мајка на две дечиња кои имаат 5 и 2 години… Боледува од Кронова болест, но и страшна рана (не сум лекар, но мислам дека е гангрена) на левата нога. Живее со огромни болки и се лекува во домашни услови затоа што (замислете!!!) нема доволно капацитети да биде примена на болничко лекување. Таа е целосно изнемоштен од болките и не е во состојба да станува од кревет… Нашата хуманитарна организација вчера ја посети Драгана и благодарение на наш поддржувач од Германија купи преврски за три дена, но…
Лекувањето во домашни услови е невозможно финансиски (за три преврски дневно се потребни над 1600 денари), но и од практични причини (преголем болка, дури и при најнежен допир). Оваа мајка не може да си ги прегрне децата од болки… А нашата држава не е во состојба да помогне!!!
Простете, но вие сте ДОЛЖНИ веднаш да реагирате и да и помогнете на оваа наша сестра!!!
Венко Филипче, дали ќе дозволите да продолжи агонијата на оваа жена? Дали ќе преземете нешто за таа да може да го продолжи својот живот и да ги израсне своите деца? Или ќе ја игнорирате и ќе ја оставите со нејзините болки?
Покажете и докажете дека навистина ја почитувате Хипократовата заклетва и реагирајте веднаш!!!“, реагира Петровски.