Семејство од сојузната американска држава Северна Каролина било сведок како младенче на мечка влезе во нивниот дома, а потоа пеговата мајка си го прибира љубопитното меченце.Семејство од сојузната американска држава Северна Каролина било сведок како младенче на мечка влезе во нивниот дома, а потоа пеговата мајка си го прибира љубопитното меченце.
Шумарот Валзер Вилјамс и неговата сопруга биле разбиден едно рано утро од лаежот на нивниот домашен миленик, кој бил вознемирен од појавата на мечки. Неколку минути подоцна двојката слушнала невообичаени звуци и здогледале меченце како стои на задните шепи пред влезната врата.
Неговата појава го развеселило семејството Вилијамс, но очигледно мајката мечка не била расположена за одење по гости. Мечката за увото го повлекла малиот „непослушник“ по патот. Госпоѓа Вилијамс го објави видеото на социјалните мрежи и се обиде да го долови дијалогот меѓу мајката мечка и нејзиното љубопитно младенче.
„Ајде, стопати ти кажав да не ги вознемируваме луѓето додека не им влеземе дома и да побараме благо. Треба да бидеме тивки и незабележителни“, напиша г-ѓа Вилијамс.