За време на штрајкот на работниците, непознато лице фрлило пет молотиви коктели кон фабриката Кока-Кола.
Според шпнаската полиција неидентификувано лице фрлило пет молотови коктели на влезот на фабриката на Кока-Кола во предградие на Мадрид, по што побегнало.
Во нападот нема повредени, а пред фабриката околу 200 работници протестираат поради планот на компанијата да затвори четири од своите 11 фабрики и да отпушти 1.235 работници.