(ВИДЕО) Мадуро патролира во пловечки тенк, рекорден број апсења во еден ден во Венецуела

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во неделата ја посети воено-поморската база во сојузната држава Карабобо и учествуваше во препатролирање со амфибиски тенк, а истовремено невладините организации објавија дека во на почетокот од седмицава во еден ден се уаспени рекорден број лица во последните дваесет години.

„Патролираме крај брегот на Пуеро Кабењо на амфибиски тенк, подготвени да ја браниме нашата земја“, напиша Мадуро на Twitter објавувајќи кусо видео. Од снимките може да се види дека бил придружуван од сопрегата Силија Флорес и неколку војнции.

Претходно во текот на денот, зборувајќи во воената база во Фуерто Парамакај, исто така, во државата Карабобо, венецуелскиот претседател се опиша себеси како гарант на мирот и бебедноста на земјата. Истакна дека воените маневри кои треба да се одржат до 10-ти до 15-ти февруари ќе бидат „најважните во историјата на Венецуеал“, и порача дека земјата „сака мир“ и тој ѝ е потребен.

Претходно во неделата, исто така, на Twitter, челникот на невладината организација Кривичен форум, Алфредо Ромеро, објави дека од почетокот на на протестите во Венецуела било уапсено 791 лице.

„Седумстотини деведесет и едно лице беше приведено во текот на демонстрациите од 21-ви јануари. Само на 23-ти јануари беа уапсени 632 луѓе, што претставува најголем број апсења во еден ден уште до 1999 година“, објави венецуелскиот активист за човекови права.

Претходно беше објавено за 495 приведени демонстранти, но официјани податоци за уапсените засега нема.