![MS1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/MS11.jpg?resize=640%2C399&ssl=1)
Дваесет и деветгодишен жител на српскиот град Ниш бил убиен на улица вчеравечер со неколку истрели од огнено оружје, од возило во движење, објавува српскиот весник „Кури“, пренесува Нетпрес.
Според изјави на очевидци, во Милош Савиќ било пукано во околу 22.30 часот во близина на кафеаната „Зона Замфирова“, од возило „ауди“ со бугарски регистарски ознаки. По злосторството што го сториле, непознатите напаѓачи веднаш побегнале со автомобили, кој недалеку од местото на убиството го оставиле и го запалиле.
Весникот пишува дека Савиќ бил познат припадник на нишкото подземје, а официјално бил кик-боксер. Тој честопати бил приведуван поради инцидинети во кои било користено огнено оружје и поради препродажба на опојни дроги.
„Се претпоставува дека убиениот е жртва на пресметка меѓу нишките криминалци, бидејќи три пати имало обиди за негова ликвидација, од кои последната се случила во март 2012 година“, се вели во текстот.